Достапни линкови

САД не ги намалува воените санкции спрема Мјанмар


Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама објави дека нема да го намали интензитетот на воените санкции спрема Мјанмар, дури и ако Вашингтон започне нова политика на дијалог со Источна Азија. Помошникот на државниот секретар Курт Кембел изјави дека ќе се направи грешка доколку се прекинат санкциите на Мјанмар, без нејзин демократски напредок. Сенаторот Џим Веб, пак, изјави дека изолацијата на Мјанмар преку санкциите и наштетила на Америка во потрагата по позитивни промени во оваа земја.
XS
SM
MD
LG