Достапни линкови

logo-print

Потона туристички брод во Индија- десетици жртви


Најмалку 32 лица, меѓу кои и двајца туристи, го загубија животот, кога во индиската држава Керала потона туристички брод со 76 патници, соопштуваат властите на оваа земја. Несреќата се случила во резерватот на тигри, кога поголем дел од туристите прешол на едната страна на бродот за да ги види од поблиску слоновите. Бродот тогаш се превртел и потонал. Сеуште не се знае од која земја се настраданите туристи.
XS
SM
MD
LG