Достапни линкови

Пет милиони евра штета од пожарот во Бигорски


Пожар во манастирот Св Јован Бигорски

Пожар во манастирот Св Јован Бигорски

Штетата од пожарот во манастирот Св. Јован Бигорски според првичните проценки изнесува повеќе од пет милиони евра. Во пожарот е спасена црквата во која се наоѓа познатиот иконостас, но до темел изгореа библиотеката и конаците.

Денеска во утринските часови избувна голем пожар во манастирот Св. Јован Бигорски во кој до темел изгоре стариот конак во кој беа сместени, галеријата, библиотеката, гостинската соба, тарпезаријата и монашката соба. Со брза интервенција на против пожарните
Нашата цистерна за гасење на пожарот веднаш пристигна и веднаш прејдовме кон локализирање на пожарот, при што со самото локализирање барем ја спасивме црквата. Конаците веќе беа во фаза на големи пламени и целосно беа уништени
екипи од Дебар бил спречен пожарот кој демнеел да ја зафати и црквата која е спасена, а во која се наоѓа познатиот иконостас. Според првичните проценки, штетата изнесува над 5 милиони евра, но таа е недохнадлива бидејќи изгоре и вредната архива на манастирот, велат преставниците на монашкото братство.

„Нашата цистерна за гасење на пожарот веднаш пристигна и веднаш прејдовме кон локализирање на пожарот, при што со самото локализирање барем ја спасивме црквата. Конаците веќе беа во фаза на големи пламени и целосно беа уништени.“

Вели раководителот на единицата за заштита и спасување во Дебар Рахид Абазовски. Пожарот нанесе голема штета на манастирот кој е белег на општината Маврово Ростуше, но и на цела Македонија, вели градоначалникот на општината Мухрем Мехмеди:

„Огромна штета за нашата општина бидејќи манастирот преставуваше огромно, духовно и природно богатство со кое ние во општината и пошироко многу се гордеевме.“

Манастирот Св. Јован Бигорски го посетија и претседателот Ѓорге Иванов, поглаварот на МПЦ г.г Стефан како и претставници на владата. Тие изразија жалење за штетата, но подвлекоа дека црквата со познатиот иконостас сепак е спасена.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG