Достапни линкови

МАНУ ја повлекува Енциклопедијата


МАНУ одлучи да ја сопре натамошната дистрибуција на Енциклопедијата. На денешниот состанок, претседателството на МАНУ одлучи, во најкус можен рок, да се исправат оспорените одредници за Албанско-македонските врски и односи, Албанците во Македонија, Али Ахмети, Агресијата врз Македонија, ОНА и за Мајка Тереза.
Редакцијата треба да ги изврши исправките во соработка со членовите на МАНУ од редот на Алабанците и со научни работници од редовите на немнозинските заедници во Р. Македонија од соодветните научни подрачја.
Претседателството на МАНУ се оградува и изразува загриженост за евентуалните ненамерни неточности содржани во првото промотивно издание на Македонската Енциклопедија и ја уверува македонската и меѓународната јавност дека истите ќе ги коригира, без при тоа да врши ревизија на историските факти и без да ги иритира колективните емоции на заедниците кои се дел од современа Македонија, се наведува во соопштението на МАНУ.
XS
SM
MD
LG