Достапни линкови

Џонс: Македонската влада соработува за името


Aмериканскиoт заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Стјуарт Џонс, вчера на распит во организација на Aмериканската хелсиншка комисија во Конгресот во Вашингтон, ја пофали македонската влада за подобрување на атмосферата во преговорите за името.
Џонс изјави дека има интезивни контакти со македонската и грчката влада за прашањето за името во изминатите неколку месеци, па и години, објaви Гласот на Америка на македонски јазик.
„Задоволни сме од изјавите и однесувањето на македонската влада, особено изминатите осум месеци. Мислам дека македонската влада треба да се пофали за подобрување на билатералната атмосфера што ќе олесни да се дојде до решение. Ќе почекаме да завршат изборите во Грција, па ќе продолжиме онаму каде што застанавме и ќе ги охрабриме двете влади да тргнат напред“, изјави Џонс.
XS
SM
MD
LG