Достапни линкови

Грција го повтори ставот: Едно име за сите употреби


Грција бара евентуалното решение во спорот за името да се користи во односите со сите земји, рече амбасадорот на Грција во Обединетите нации, Анастасиос Мицијалис.
„Грција под покровителство на ОН преговара со северниот сосед за решение за името, што ќе биде прифатливо за двете страни, кое соседната земја ќе го користи со гордост и во односите со сите, решение што ќе ги направи сите победници“, се наведува во говорот на шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, што пред 64. Генерално собрание на ОН синоќа го прочита амбасадорот на Грција во Светската организација Анастасиос Мицијалис.
Бакојани, поради здравствени причини, не дојде во Њујорк.
XS
SM
MD
LG