Достапни линкови

logo-print

Повлекување на 4 илјади американски војници од Ирак


Американскиот командант во Ирак генерал Реј Одиерно изјави дека Соединетите држави планираат повлекување на 4 илјади војници до крајот на октомври со што во таа земја би останеле 120 илјади американски војници. Според него, повлекувањето на американските борбени единици би требало да биде завршено до септември идната година, а комплетното повлекување на американските сили до крајот на 2011 година, како што е планирано во договорот со ирачката влада. Одиерно денеска треба да сведочи во ресорниот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот.
XS
SM
MD
LG