Достапни линкови

Средба Груевски- Ахмети за енциклопедијата


Случајот со објавувањето на енциклопедијата од МАНУ не смее да влијае на позитивните меѓуетнички односи во Македонија и не смее да се дозволи да влијае врз перспективите на државата во контекст на евро-атлантските аспирации, констатирале на вчерашната средба премиерот Никола Груевски и коалицискиот партнер- претседателот на ДУИ Али Ахмети. Владините партнери, соопшти службата за информирање на Владата, нема да дозволат ниту еден поединец, политичар и граѓанин да искористи вакви моменти и да го наруши меѓуетничкиот соживот во државата и заеднички ќе вложат напор за надминување на состојбите. Груевски и Ахмети заклучиле дека проблемите мора да се надминат преку дијалог, разговори, меѓусебно почитување и уважување и вложување заеднички напори, со цел да се отстранат сите контроверзи и сомнежи. И двајцата изразиле жалење за, како што е наведено во соопштението, навредите и спорните делови од енциклопедијата изработена од МАНУ, и препорачале МАНУ да најде начин да ги надмине тие проблеми и да ги реши отворените прашања.
XS
SM
MD
LG