Достапни линкови

Откажани летови на ЈАТ поради штрајк на техничарите


Летовите на српскиот национален авиопревозник „ЈАТ ервејз“ се откажани поради штрајк на вработените во претпријатието „ЈАТ техника“, соопшти компанијата. Откажани се повеќе летови планирани за синоќа, меѓу кои и за Скопје, а денешниот ред на летање ќе зависи од тоа дали ќе продолжи штрајкот. Претставник на синдикатите изјави дека вработените во „ЈАТ техника“ ќе престанат да ги одржуваат авионите на „ЈАТ ервејз“, бидејќи не е исполнет договорот за исплата на средствата што им ги должи националниот авиопревозник.
XS
SM
MD
LG