Достапни линкови

Еиде бара зголемување на бројот на меѓународни војници во Авганистан


Претставникот на ОН за Авганистан Каи Еиде изјави дека е неопходно зголемување на бројот на меѓународните трупи во земјата за да се формираат авганистански безбедносни сили. Тој нагласи дека е охрабрен поради зајакнувањето на авганистанските сили, додавајќи оти очекува целта да биде исполнета пред рокот, односно дека бројот на војниците на таа земја ќе достигне 134 илјади до октомври идната година, а не до 2012, како што беше планирано.
XS
SM
MD
LG