Достапни линкови

logo-print

Средба Обама-Расмусен


Американскиот претседател Барак Обама, денеска во Вашингтон, се сретна со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен. По средбата Обама рече дека војната во Авганистан не е само американска војна.
Претходно, Расмусен го подржа извештајот на командантот на меѓународните сили во Авганистан, генералот Стенли Меккристал, но се воздржа од повикот за распоредување дополнителни војници во таа земја. Во извештајот на Меккристал се вели дека меѓународните сили може да ја загубат војната во Авганистан за една година, ако не се распоредат дополнителни војници.
XS
SM
MD
LG