Достапни линкови

Обама го очекува Расмусен


Американскиот претседател Барак Обама, денеска во Вашингтон, треба да се сретне со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
Претходно, Расмусен го подржа извештајот на командантот на меѓународните сили во Авганистан, генералот Стенли Меккристал, но се воздржа од повикот за распоредување дополнителни војници во таа земја. Во извештајот на Меккристал се вели дека меѓународните сили може да ја загубат војната во Авганистан за една година, ако не се распоредат дополнителни војници.

XS
SM
MD
LG