Достапни линкови

Бериша: Енциклопедијата е расистички напад врз Албанците


Албанскиот премиер Сали Бериша ја оцени Енциколпедијата издадена од МАНУ како „расистички напад врз Албаците“, објавија албанскиот весник „Коха Јон“ и агенцијата „Балкан веб“.
Како што пренесува МИА, тој рекол дека во Њјујорк, на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, разговарал на оваа тема и оти шефот на македонската држава му ветил дека ќе биде извршена корекција во енциклопедијата.
Преседателот Иванов, во интервју за косовската радио-телевизија „21“, рече дека во демократско општество не е добро политиката да се меша во науката.
Прашањето што произлезе од МАНУ треба да се реши во Академијата, рече тој.
Според Иванов, реакциите покажуваат дека таквите прашња, се уште се многу чувствителни. Тој, сепак, смета дека работите ќе се смират, а недоразбирањата ќе бидат надминати.
XS
SM
MD
LG