Достапни линкови

Косово - Знамето го запалиле малолетници надвор од стадионот


Македонското знаме го запалиле малолетници надвор од фудбалскиот стадион во Приштина, изјави претставник на косовското министерство за внатрешни работи за државната новинска агенција МИА.
Toj вели дека косовската полиција работи на расчистување на инцидентот и наскоро ќе излезе со официјална информација.
Косовските медиуми објавија дека знамето било запалено за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Приштина“ и „Влазними“. Според медиумите, на трибините можеле да се видат и пароли со антимакедонска содржина.
Косовските медиуми оценуваат дека инцидентот е последица на „незадоволството од невистините во Македонската енцикопедија“.
XS
SM
MD
LG