Достапни линкови

МНР го осуди палењето на македонското знаме во Приштина


Министерството за надворешни работи го осудува палењето на македонското знаме од „група хулигани“ на фудбалски натпревар во Приштина.
Канцеларијата за врски на Република Македонија во Приштина побара од официјалните власти на Косово да ги преземат сите законски мерки и сторителите да бидат идентификувани и соодветно казнети.
„Од Косово, како најмлада држава во регионот се очекува во вакви ситуации да го демонстрира својот капацитет и способност да дејствува на соодветен начин во правец на градење на добрососедски односи и развивање на регионалната стабилност, пишува во реакцијата на Министерство за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG