Достапни линкови

Иран наскоро со датум за почеток на инспекциите


Шефот на иранската агенција за атомска енергија Али Акбар Салехи вели дека Иран наскоро ќе одреди датум за почеток на меѓународната инспекција на новата постојка за збогатување ураниум.
239 ирански пратеници потпишаа соопштение дека Иран може да ја прекине соработката, ако западните земји „ги повторат грешките од минатото“.
Разговорите за иранската нуклеарна програма меѓу Иран и шесте големи светски сили: САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија ќе почнат в четврок во Женева.
Западот се сомнева дека Иран се обидува да произведе атомска бомба. Иран тврди дека нуклеарните постројки се за производство на струја.
XS
SM
MD
LG