Владата и препорача на Народната банка да ја олесни монетарната политика, откако премиерот Никола Груевски изјави дека девизните резерви достигнаа до еден и пол милијарди евра. Но од банката оценија дека сеуште нема простор за такво нешто, иако советот констатираше дека економијата во земјава се движи според очекувањата. Во законот стои дека Народната банка е автономна и не смее да прима никакви инструкции од Владата вели економскиот аналитичар Џевдет Хајредини. Наместо таа да се меша во работата на банката треба да се сконцентрира на она што е во нејзина надлежност, а тоа е фискалната политика вели тој.
„Нека не се меша премиерот во монетарната политика што е во надлежност на НБМ, туку нека води паметна фискална политика. Владата води крајно деструктивна фискална политика и тоа е проблемот во Македонија, а не монетарната политика.“
Бизнисмените секогаш се за олеснување на монетарната политика, бидејќи доколку Народната банка донесе ваква одлука ќе се намалат каматите за кредитите вели претседателот на стопанската комора на Македонија Бранко Азески.
„Нашите интереси се секогаш да има полабава политика, но тоа не значи дека треба да бидат поништени државните интрееси. Ние се надеваме дека параметрите ќе бидат сериозно разгледани од монетарните власти.“
Но сепак последниот збор треба да го има Народната банка, бидејќи таа најдобро знае дали има простор да се олесни монетарната политика додава Азески.
„Она што треба да се има предвид е дека тоа е сепак одлука која е во надлежност на монетарната власт и треба да биде во согласност со заедничката економска политика со носителите на економската власт во државата.“
Додека пак Сојузот на стопански комори и неговите членови сметаат дека е време да се зголеми кредитната активност, па затоа тие ќе бараат средба со гувернерот на Народна банка Петар Гошев на која ќе му го презентираат својот став.
Нека не се меша премиерот во монетарната политика што е во надлежност на НБМ, туку нека води паметна фискална политика. Владата води крајно деструктивна фискална политика и тоа е проблемот во Македонија, а не монетарната политика