Достапни линкови

Државниот грб ја подели јавноста


Државниот грб на Македонија

Државниот грб на Македонија

Последната идеја за менување на грбот ја подели македонската јавност. Според албанските аналитичари, ако државните симболи ја отсликуваат државата и луѓето кои живеат во неа, тогаш симболите треба да ја отсликуваат мултиетничноста на Македонија

Со последната идеа за менување на грбот, повторно се актуализираше прашањето за државните симболи. Првин под притисок на Грција, Македонија го промени своето знаме. Досега на неколку наврати од албански политичари имаше барање за промена на химната , а земјава е последна од поранешните земји членки на Југославија која го менува државниот грб. Полемиките околу тоа дали е
Ако продолжи овој тренд, државата да се идентификува само како македонска, тогаш најверојатно овие симболи ќе предизвикаат конлфиктна ситуација со другите кои не се Македонци. Реалноста не се постигнува во сите институции на системот, за да се направи ова треба политичка храброст посебно кај македонскиот блок политичари
потребна промена и какви државни симболи се потребни ја поделија јавноста и експертите. Аналитичарот Имер Исмаили, вели дека ако државните симболи ја отсликуваат државата и луѓето кои живеат во неа, тогаш симболите треба да ја отсликуваат мултиетничноста на Македонија. Па затоа оние симболи кои поттикнуваат конфликти, треба да се променат , во спротивно состојбите на меѓуетнички план може да ескалираат.

„Ако продолжи овој тренд, државата да се идентификува само како македонска, тогаш најверојатно овие симболи ќе предизвикаат конлфиктна ситуација со другите кои не се Македонци. Реалноста не се постигнува во сите институции на системот, за да се направи ова треба политичка храброст посебно кај македонскиот блок политичари,“

вели аналитичарот Исмаили.

Ако веќе се прават промени, тогаш нека се промени целиот грб, затоа што со само тргање на петокраката не се менуваат симболиката на грбот кој е поизлезен од советските грбови, вели професорот Иван Бимбиловски. Промената на еден елемент ог грбот нема да предизвика поголеми реакции, но ако се иницира целосна промена тогаш можат да настанат проблеми.

„Политички може да настане проблем и прашање само по некаква реакција кај народот. Инаку, политички проблем не е. Каков ќе биде конечниот грб на Македонија може да биде политичко прашање затоа што тогаш може да настанат такви придвижувања.“

Граѓаните пак велат дека тоа е работа на политичарите, но дека треба да се најде решение кое ќе биде обро за сите граѓани на Македонија.

„Ги форсираме прашањава.“
„Никој нас не не прашува, само на избори гласајте, друго ништо.“

Менувањето на државните симболи значи и дополнителни трошоци за граѓаните. Ако се смени грбот ќе треба да се менуваат и пасошите и на сите места каде има истакнато стар треба а се замени со нов грб. А треба да се менуваат и законите за државни симболи и Уставот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG