Достапни линкови

ЕУ - разговорите со Иран веројатно нема да бидат попречени


Шефот на шведската дипломатија земја преседавач со ЕУ, Карл Билт денеска изјави дека верува оти оти иранските ракетни тестови најверојатно нема да ги попречат престојните разговори за иранската нуклеарна програма. Западните сили и Русија изразија загриженост за ракетните тестови на Иран. За Белата Куќа станува збор за провокативен акт пред средбата во Женева на 1 Октомври меѓу Иран и 6 светски сили: Соединетите Држави, Кина, Русија, Британија, Франција и Германија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара од Иран да соработува со ОН и да ги обелодени деталите за тајните постројки за збогатување на ураниумот. Кина пак повика на смирување на тензиите.
XS
SM
MD
LG