Достапни линкови

logo-print

Едукативни предавања за здрави заби во Куманово


Националниот ромски центар заедно со Светската стоматолошка федерација преку едукативни предавања се обидоа да им укажат и на децата од ромската популација и на нивните мајки како треба да ги одржуваат забите здрави

Кариесот на забите кај луѓето, а особено кај децата е се почеста појава која се смета и за хронично заболување. За подобро орално здравје, а со тоа и за убава насмевка, во Куманово Националниот ромски центар заедно со Светската стоматолошка федерација, со
Тоа беше тренинг предавање за да ги научиме децата како да ги мијат забите. Им беше покажана и објаснета техниката за миење на забите. Како и запознавање на мајките дека освен што треба децата да ги мијат забите,треба да одат и на редовна лекарска контрола
Македонското стоматолошко друштво и Министерството за здравство преку едукативни предавања се обидоа да им укажат и на децата од ромската популација и на нивните мајки како треба да ги одржуваат забите здрави, бели и блескави. За оваа возраст децата низ игра ги совладуваа техниките на миењето на забите.

Стоматологот Горан Бурназовски смета дека појавата на кариесот на забите е хронично заболување кое речиси го зафаќа секое дете. Тој објаснува дека здравите заби се предуслов и за целосното здравје на децата и луѓето воопшто.А за здрави заби е неопходна хигиената, правилната исхрана и редовна лекарска контрола.

„Тоа беше тренинг предавање за да ги научиме децата како да ги мијат забите. Им беше покажана и објаснета техниката за миење на забите. Како и запознавање на мајките дека освен што треба децата да ги мијат забите,треба да одат и на редовна лекарска контрола.“

Меѓутоа,Бурназовски смета дека за здрави заби важно е и:

„Што помалку јадење благца во целофан,почесто јадење свежо овошје и зеленчук,миење заби два пати дневно, особено пред спиење и редовни лекарски контроли.“

Бурназовски додава дека во изминатиот период контролирањето на забите било два пати годишно,а сега тоа е двојно зголемено,односно на секои три месеци.Ова веќе се применува,така што учениците со нивните наставници редовно ги посетуваат стоматолошките амбуланти.
Ашмет Елезовски од Националниот ромски центар во Куманово вели дека организирање на едукативни предавања за заштита на здравјето на припадниците на ромската популација е добро не само за оваа популација,туку воопшто за сите граѓани.

„Две години активно работиме за подобрување на здравјето на луѓето од ромската заедница,со што ќе се подобри здравјето воопшто на луѓето во севкупната заедница.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG