Достапни линкови

Состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Гетеборг


Делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија учествува на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Гетеборг, Шведска, земја актуелен претседавач со Унијата. На состанокот, на кој ќе присуствува и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и претставници од Европската Комисија, државниот секретар Петар Есмеров ќе информира за прогресот на Република Македонија во делот на европската безбедносна и одбранбена политика.
На маргините на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ, традиционално ќе се одржи и ЕУ Тројка министерскиот состанок, со кој ќе претседава министерот за одбрана на Шведска, Стен Толгфорс. На овој состанок редовно учествуваат Македонија, Хрватска и Турција, како земји ЕУ кандидати, и Норвешка, Исланд и Албанија, како НАТО членки кои не се членки на Европската унија. Земјите учеснички ќе бидат информирани за тековните операции на ЕУ Аталанта и Алтеа, развојот на ЕУ капацитетите за кризен менаџмент и ЕУ борбените групи, како и координирањето на одбранбените индустрии на ЕУ.
XS
SM
MD
LG