Достапни линкови

Загриженост поради иранските ракетни тестови


Западните сили и Русија изразија загриженост за ракетните тестови на Иран. За Белата Куќа станува збор за провокативен акт пред средбата во Женева на 1 Октомври меѓу Иран и 6 светски сили: Соединетите Држави, Кина, Русија, Британија, Франција и Германија, посветена на контроверзната иранска нуклеарна програма. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара од Иран да соработува со ОН и да ги обелодени деталите за тајните постројки за збогатување на ураниумот.
XS
SM
MD
LG