Достапни линкови

Јушченко бара Русија да предаде можни сведоци за неговото труење


Украинскиот претседател Виктор Јушченко побара од Русија да и ги предаде на Украина луѓето кои имале врска со неговото труење со диоксин од пред пет години. Во интервју за Камал 1+1, Јушченко вели дека сведочењето на тројцата луѓе кои биле со него на вечера, на денот кога тој се сомнева дека бил отруен, е клучно за завршување на истрагата.
Украинското обвинителство, лани соопшти дека не успеало да идентификува осомничени за труењето. Обвинителството не ја коментира изјавата на Јушченко.
Јушченко тешко се разболе за време на изборите во 2004. Подоцна се утврди дека тој бил труен со диоксин. Неговиот противкандидат беше подржан од Москва.
XS
SM
MD
LG