Достапни линкови

Крвав ден за ирачката полиција


Најмалку 13 луѓе загинаа, а десетици се повредени во денешните бомбашки напади во Ирак. Десетмина од загинатите се припадници на ирачките безбедносни служби.
Едниот напад бил изведен на автопат во близина на градот Рамади, кога цистерна полна со експлозив се разнела во воздух убивајќи 7 и ранувајќи 10 полицајци.
Другите луѓе загинале во бомбашки напади во Багдад.
XS
SM
MD
LG