Достапни линкови

Туристичото вселенско летало подготвено за лансирање


Вселенското летало Сојуз, со кое канаѓанецот Гај Лалиберте треба да оди на туристичка прошетка во вселената, е поставено на лансирната рампа Бајконур. Лалиберте заедно со уште двајца космонаути на 30 септември ќе го почне патувањето до Меѓународната вселенска станица. На дводневниот пат до станицата Лалиберте ќе биде придружуван од космонаутите Максим Сурајев и од американецот Џефри Вилијамс.
Канаѓанецот плаќа 35 милиони долари за место во Сојуз и 12 дена престој во вселената.

XS
SM
MD
LG