Достапни линкови

Грција реагира на обраќањето на Иванов пред ОН


Грчкиот амбасадор во ОН Анастасиос Мицијалис, денеска и официјално реагира на обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов пред Генералното собрание на Светската организација, пренесува државната новинска агенција МИА.
Во писмената реплика што му е предаденa на претседавачот со Генералното собрание, Грција реагира на тоа што Иванов во говорот го употребуваше уставното име на државата наместо референцата ПЈРМ предвидена со резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
„Властите на ПЈРМ во изминатите години покажаа дека не ги почитуваат резулуциите на Советот за безбедност и заземаат некомпромисна позиција во билатералните разговори под покровителство на ОН, со што оневозможуваат да се најде решение за разликите за името меѓу двете држави. Наместо да го користат привременото име властите на ПЈРМ секогаш го употребуваат уставното име, продлабочувајќи ги разликите меѓу двете земји”, се наведува во грчката реакција.
XS
SM
MD
LG