Достапни линкови

Промени во кошаркарската репрезентација


Досегашниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Јовица Арсиќ поднесе оставка. Тој рече дека по освоеното девето место на Европското првенство време е да се направат промени на селекторското место.
Досегашниот репрезентативен капитен Врбица Стефанов, кој се повлече од активното играње кошарка, од денеска е спортски директор на репрезентацијата.
Претседателот на кошаркарската федерацијата на Македонија Даниел Димевски ги отфрли уцените и ултиматумот од репрезентативецот Перо Антиќ кој во медиумите изјави дека веќе нема да игра под водство на странски селектор.
Федерацијата вели дека нема да брза со назначување нов селектор туку прво ќе почекаат да биде извлечена жрепката за новиот квалификациски циклус.
XS
SM
MD
LG