Достапни линкови

Енциклопедијата, се уште, ја бранува јавноста


Macedonia - MANU, Skopje, undated

Macedonia - MANU, Skopje, undated

Десетина дена по објавуавњето на енциклопедијата на МАНУ не стивнуваат реакциите за неа. Според експертите и политичките партии имаат одговорност за смирување на тензиите.

Дестетина денови по објавувањето на енциклопедијата на МАНУ не стивнуваат реакциите на неприфаќање и навреденсот од текстовите објавени во неа кај претствниците на албанските политички субјекти. Помалите албански партии највуваат протести и не ја исклучуваат
Екстремистички изјави од десно ориентирани фактори или фактори кои бараат да си добијат медиумска покриетност нема многу да влијаат. Би влијаело бојкот на парламентот или екстреми изјави на меин стрим партиите.
можноста да изразат непочитување кон македонските држвани симболи односно да го запалат македонското знаме. Експертите посочуваат дека и полтичките партии имаат улога и одговорност околу смирување на тензиите и амартизирање на политичката енергија и ја наглсуваат потребата од конструктивно однесување. Политикологот Никола Стелевски оценува дека помалите партии немаат поголемо влијани да предизвикаат тензии но нагласуваат дека важна
е насоката на однесување на поголемите политички субјекти.

„Екстремистички изјави од десно ориентирани фактори или фактори кои бараат да си добијат медиумска покриетност нема многу да влијаат. Би влијаело бојкот на парламентот или екстреми изјави на меин стрим партиите.“

Аналитичарот Мерсал Биљали посочува дека полтичките партии треба да се однесуваат рационално.

„Сите треба да се воздржат од изјави кои долеваат масло на оганот. Јасно треба да се каже дека државните институции имаат обврска кон севкупната состојба во државата и тие треба да се ангажираат без оглед на тоа дека некој може да се повикува на научно мислење.“
Сите треба да се воздржат од изјави кои долеваат масло на оганот.


Премиерот Никола Груевски не се дистанцираше од одредниците кои предизвикаа незадоволство кај албанците како што побара претседателот на ДУИ Али Ахмети, но тој изрази жалње што албанците се почувствувале навредени и повика преку дијлог да се најде начин двете страни да дојдат до одредено решение на проблемот. Од
ДУИ без да коментираат како треба да постапуваат партиите и да не се полтизира ситуацијата одговорноста околу состојбите и зголемните тензии ја лоцираат кај МАНУ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG