Достапни линкови

Ангела Меркел и натаму Канцелар


Ангелка Меркел - изборен постер
Ангелка Меркел - изборен постер
Германската канцеларка Ангела Меркел, според изборните резултати ќе остане уште еден мандат на чело на Владата. Коалицијата на конзервативната партија, на христијанско- демократската унија и на баварската христијанско- социјалната унија, освои 33,6 отсто од гласовите, што е за 2 насто помалку од претходните избори. Како што стојат работите, Христијанските демократи најверојатно ке направат десно центристичка влада со про бизнис Слободните демократи кои освоија 15 насто од гласовите. Меркел по победата изјави дека се надева дека ке биде Канцелар на сите германци водејнки ја најголемата европска економија по најлошата рецесија од Втората Светска Војна.

„Дозволете ми да во го кажам следново, бидејки знам колку се важни подржувачите, но сите подржувачи. Јас би сакала да не заборавите да бидете толерантни. Како Канцелар, Јас сакам да бидам канцелар на што е можно повеќе германици. Тоа е мојата намера“.
Јас сакам да бидам канцелар на што е можно повеке германци. Тоа е мојата намера

Старо- новата канцеларка истака дека новата влада има пред себе многу работа и многу проблеми кои мора да се решат. Конзервативците заедно со Социјалдемократската партија на Германија, од 2005-та владееја во таканаречена Голема коалиција, но на вчерашните избори социјалдемократите доживеаа голем пораз, добивајќи само 23,7 проценти од гласовите, што е нивни најлош резултат по Втората светска војна и ке ги испрати во опозиција по 11 години учество во владата на Германија. Честитки и надеж за засилена соработка до Ангела Меркел испратија Американскиот Претседател Барак Обама, Францускиот Претседател Никола Саркози и Британскиот Премиер Гордон Браун.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG