Достапни линкови

Предност имаат преговорите со Иран, изјави Гејтс



Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс оцени дека дипломатијата и евентуални нови санкции се поголема шанса да се натера Иран да ја смени својата нуклеарна програма, отколку воен напад. Во интервју за Си Ен Ен, Гејтс изјави дека сите опции се на маса, но оти сеуште има простор за дипломатија со Техеран. Според него, позицијата на Иран е ослабена откако беше откриено дека тајно изградил уште една постројка за збогатување ураниум.
XS
SM
MD
LG