Достапни линкови

Полска домаќин на геј парада во идната година


Во Полска во јули наредната година е планирано да се одржи голема европска парада на хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците и трансексуалците, изјавил претседателот на полската Фондација за рамноправност Томас Бонцковски. Инаку, Полска важи за конзервативна и длабоко религиозна католичка земја. Пред пет години тогашниот градоначалник на Варшава, а сегашен претседател на Полска, Лех Качински, го забрани одржувањето на маршот на рамноправноста. Европската геј парада оваа година се одржува во Цирих, а Варшава ќе биде првиот домаќин од посткомунистичките земји.
XS
SM
MD
LG