Достапни линкови

Турција и Ерменија со дипломатски односи за 10 дена


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган најави дека Турција и Ерменија ќе воспостават дипломатски односи на 10 октомври. Тој рече дека договорот ќе биде потпишан меѓу министрите за надворешни работи на двете земји. Договорот предвидува и повторно отворање на ерменско-турската граница.
Односите меѓу Ерменија и Турција се влошени поради настани од Првата светска војна. Ерменците тврдат дека Отоманската империја извршила геноцид на 1,5 милион Ерменци. Турција инсистира на тоа дека немало геноцид и дека бројката на загинати е „надуена“.
XS
SM
MD
LG