Достапни линкови

logo-print

Уапсен киднапер на ирачки спортисти


Американската армија соопшти дека уапсила еден осомничен за киднапирање и убиство на ирачката репрезентација во теквондо, во 2006 година.
Репрезентацијата била на пат кон тренинг камп во соседен Јордан, кога нивниот конвој бил запрен во провинцијата Анбар, меѓу градовите Фалуџа и Рамади, во мај 2006.
Пронајдени се телата на 13 од 15 киднапирани спортисти. Двајца, се уште се водат како исчезнати.
XS
SM
MD
LG