Достапни линкови

Роберт Гејтс: Пораз во Авганистан - катастрофа за САД


Секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави Роберт Гејтс, денеска, изјави дека би било грешка да се поставуваат рокови за повлекување на американските војници од Авганистан. Тој нагласи дека пораз во Авганистан би бил катастрофален за САД.
Во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен(ЦНН), Гејтс рече дека Талибанците и Ал Каеда би го доживеале предвременото повлекување на американската армија како победа над САД, слично како што беше во 1989 година кога од таму се повлекоа советските војници.
XS
SM
MD
LG