Достапни линкови

logo-print

Папата Бенедикт XVI: Научниот прогрес е добар колку што е лош


Научниот и економски прогрес се сили на доброто, колку што се сили на злото, рече Папата Бенедикт XVI пред повеќе од 120 илјади верници, што се собраа на миса на еден аеродром во близина на градот Брно во југоисточна Чешка. Тој рече дека техничките и општествени откритија не гарантираат „морална благосостојба“.
Папата, вчера во Прага го критикуваше, како што рече, безмилосниот прогон на Римокатоличката црква за време на комунизмот и ги повика луѓето од изразено секуларната Чешка да ја реоткријат напуштената вера.
XS
SM
MD
LG