Достапни линкови

Југославија се уште живее во интернет домејнот


Стариот интернет домејн .yu треба да биде згаснат на 30 септември на полноќ. Тоа ќе значи дека ќе бидат избришани 4000 интернет страници што работат со таа наставка, пренесува новинската агенција Бета.
Регистарот на националниот интернет домејн на Србија побара од Меѓународниот интернет регистар(ИЦАНН) да го продолжи животот на .yu домејнот за една или две години. Српскиот регистар смета дека многумина корисници, се уште, не се подготвени за бришење на поранешниот југословенски домејн, кој треба целосно да се замени со српскиот домејн .rs.
XS
SM
MD
LG