Достапни линкови

Ветераните од европските фудбалски гиганти во Македонија?


Арената Филип Втори во Скопје
Арената Филип Втори во Скопје

Здруженитето на македонски фудбалски ветерани од неодамна е член на европската федерација на ветерани. Потпретседателот на ветераните на Работнички за 2010 најавува натпревари и со најпознатите фудбалски клубови во Скопје

Македонските фудбалски клубови се далеку од можноста да одиграат официјален натпревар со некоја од врвните светски екипи. Сепак, еден наш фудбалски колектив може да се пофали дека е дел од друштвото во кое се наоѓаат гигантите Барселона, Реал, Борусија,
Ние и до сега сме биле страшно многу активни, а понатаму ни се зголемија апетитите, а понатмау во 2010 ќе пробаме да донесеме некоја позната екипа
Хамбургер, Евертон, Глазгов Ренџерс, Олимпик Марсеј, Андерлехт, Бриж и ним слични. Станува збор за Работнички, кој од годинава е член на Европската фудбалска федерација на ветерани. До ова големо признание дојде случајно и најмногу благодарение на потпредседателот на ветераните на прволигашот од Дебар Маало, Драган Илиевски. Тој без некои големи очекувања пред шест месеци ја информирал европската федерација за повеќе од 30 годишната активност на здружението на ветерани на трикратниот македонски шампион, по што...

„На мое изненадување за отприлика десет дена стигна позитивен одговор, беа позитивно изненадени од тоа дека има толку организирано здружение.“

Изјави Илиевски, кој заедно со претседателот на Работнички, Драган Поповски, учествуваше на редовниот Конгрес во Барселона, каде што клубот и официјално беше примен во големото друштво. Ова членство на романтичарите им ги отвора вратите за многу позначајни активности во иднина и за соработка со големите европски клубови, кои се расположени за давање помош од стручен аспект, испраќање тренери на семинари, па и за размена на играчи. Во нашиот актуелен освојувач на Купот, се заинтересирани за такво нешто, но сега во преден план им е докажувањето на теренот.
Приоритет ќе биде направиме средства со една грчка екипа и со една од поголемите, како Баерн, Барцелона или некој тим од Италија


„Ние и до сега сме биле страшно многу активни, а понатаму ни се зголемија апетитите, а понатмау во 2010 ќе пробаме да донесеме некоја позната екипа.“

додаде Илиевски, според кого дебармаалци веќе стапиле во контакт со ветераните од неколку врвни европски клубови. Барем засега, проблем прави усогласувањето на календарите на потенцијалните ривали, чии членови, особено оние најатрактивните, моментално се активни како тренери. Сепак, има најави дека наскоро ќе се постигне целта, а кога се во прашање посакуваните противници:

„Приоритет ќе биде направиме средства со една грчка екипа и со една од поголемите, како Баерн, Барцелона или некој тим од Италија.“

истакна Драган Илиевски, кој посакува оваа активност на Работнички да побуди интерес и кај ветераните од другите македонски клубови, а со тоа, кај нас, по едно децениска пауза да се реактивира и лигата на поранешни фудбалери.
XS
SM
MD
LG