Достапни линкови

Папата одржува миса пред 100.000 луѓе во Брно


Илјадници верници се собраа во градот Брно во југоисточна Чешка на мисата која ќе ја ја предводи Папата Бенедикт 16. Организаторите велат дека пред почетокот на мисата, на еден аеродром надвор од градот се собрале повеќе од 100 илјади луѓе.
Папата, вчера во Прага го критикуваше, како што рече, безмилосниот прогон на Римокатоличката црква за време на комунизмот и ги повика луѓето од изразено секуларната Чешка да ја реоткријат напуштената вера.

XS
SM
MD
LG