Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу евреите и Палестинците во Ерусалим


Изреаелската полиција, денеска, употреби бомби за зашеметување, за да ги разбие инцидентите меѓу евреите и муслиманите на место кое е свето за двете религии, во стариот дел на Ерусалим. Меѓу евреите местото е познато како Рид на храмовите, а меѓу муслиманите како Ал-Харм ал-Шариф или Чесно светилиште.
Немирите започнаа кога околу 150 Палестинци почнаа да фрлаат камења кон еврејските верници кои го посетуваат местото во пресрет на утрешниот празник Јом Кипур или Денот на покајанието, најсвет ден во еврејскиот календар.
Ридот на храмовите беше освоен од Израел по шестдневната војна во 1967 година. Местото често е појдовна точка на насилствата меѓу евреите и Палестинците.

XS
SM
MD
LG