Достапни линкови

Избори во Германија


Германците, денеска гласаат на државните парламентарни избори. Предизборните анкети покажуваат дека канцеларката Ангела Меркел, веројатно, ќе добие втор мандат, но е неизвесно дали нејзината Христијанско демократска унија ќе освои доволно гласови за да формираат влада без социјалдемократите, кои се нивни сегашни коалициски партнери.
Десно-центристичката Христијанско демократска унија и лево-центристичките социјалдемократи ја делат власта од минатите избори во 2005 година.
Меркел се надева дека по изборите ќе може да формира десничарска коалиција со Слободните демократи.
XS
SM
MD
LG