Достапни линкови

Али Ахмети, претседател на ДУИ


Али Ахмети, претседател на ДУИ

Али Ахмети, претседател на ДУИ

Зад квалификациите во енциклопедијата на МАНУ веројатно стојат кругови, поедници и сили коишто не се реформирале, кои не ја сфатиле реалноста дека оваа држава, Македонија, е на сите нејзини граѓани, на Македонците, Албанците и сите други.

Г-не Ахмети, вие ја нарековте енциклопедијата што ја објави МАНУ политички памфлет. Кој според вас стои зад таа политика?

До таа квалификација за енциклопедијата дојдовме од самата содржина на текстот, од една таква публикација со еден таков јазик, со еден таков жаргон, воено-провокативен за двата ентитета, тенденциозен и едностран, нормално е да дојдеме до една таква квалификација. Е сега, кој стои зад овие квалификации, зад оваа политика? Најверојатно кругови, поедници и сили коишто не се реформирале кои не ја сфатиле реалноста дека оваа држава, Македонија е на сите нејзини граѓани, на Македонците Албанците и сите други, односите меѓу двете поголеми заедници ќе бидат тие кои ќе ја диктираат иднината и перспективата на државата , односно сили коишто сеуште не сфатиле дека ова е држава и на Албанците и одговорноста за иднината на државата взаемно паѓа на двете заедници и на Албанците и на Македонците.

Што се однесува до иницијативата за издавање на една таква енциклопедија за Македонија морам да нагласам дека е преземена пред 10 години. Не би сакал да верувам дека позади оваа политика стојат државни и владини институции зошто навистина ако позади оваа политика стојат државни и владини институции, тогаш штетата би била тројна отколку што е сега оваа провокација изнесена од академикот Блаже Ристевски на чело на уредничкиот совет на енциклопедијата. Мислам дека политичките авторитети во државата треба јасно да се изјаснат во врска со ова излагање во енциклопедијата со тоа што ќе се остранат сите сомнежи како кај меѓународниот фактор, етничките Албанци и кај нашите соседи како што е Албанија и Косово дека позади тој провокативен текст не стојат политичките авторитети на државата. Ова ќе биде за добро на целава ситуација да има јавни излагања зошто сево тоа ќе ни послужи понатаму да се надмине оваа подгреана ситуација.



Имате ли објаснување како дошло до идејата ваквите научни согледувања да се објават токму сега?

Па ние немаме конкретни информации и конкретен пристап како дошло до формулацијата на текстовите внатре во енциклопедијата иако морам да нагласам дека ние и не претендирамне да имаме пристап кон сето тоа што го работи МАНУ. Ние не верувавме и сеуште не веруваме дека постојат неодговорни и несовесни коишто имаат за цел да ги внесат во конфликт Албанците и Македонците зошто ова не е во полза ниту на Македонците ниту на Албанците. Навистина ние сме изненадени со еден таков пристап на дел од академиците зошто не е чесно сега во овој момент да ги осудуваме сите членови на МАНУ бидејќи меѓу нив има и такви совесни и одговорни академици коишто ја гледаат ситуацијава и се соочуваат со фалсификување на дел од историјата, бидејќи научните аргументи ни даваат една сосема поинаква слика. Сакам да додадам, и што се однесува до политичките изјави морам да нагласам дека политиката во овој случај не е паметно да излегува со научни излагања за да каже што е вистина а што не е вистина. Мислам дека е најдобро политичарите да се фокусираат само на политиката со тоа што ќе се дистанцираат од сето она што е напишано во текстовите бидејќи со тоа што е вистинито а што е невистинито во текстовите треба да се занимаваат научниците а не политичарите.

Како ги оценувате односите меѓу коалициските партнери во овој момент?

Сега зборуваме за хипотетички ситуации. Некој од Владата на РМ или пак некој од политичките претставници е директен соучесник во создавањето на енциклопедијата, сигурно дека ќе има и последици. Но додека ние не располагаме со никакви аргументи ние не можеме да осудуваме некого без факти. Тоа што со сигурност можам да кажам е дека ние до сега сме констатирале дека овој текст е создаден од дел од членовите на МАНУ со тенденциозни намери. Очекувам понатамошните анализи да се направат од научниците не само Албанци туку и Македонци зошто оваа ситуација треба заеднички да смогнеме сили и да ја надминеме. Ние како политичка партија не смееме да долееме дополнително бензин на веќе запалениот оган и да се влошат меѓуетничките односи меѓу Албанците и Македонците но сакаме овие односи така како што се регулирани со Рамковниот договор уште повеќе да се култивираат, уште повеќе етничките заедници да се зближат зошто одговорноста ни останува на сите нас заеднички да се залагаме во наредните денови Македонија да биде со решени проблеми, да станеме рамноправна членка на НАТО, да добиеме датум за преговори со ЕУ и пак истакнувам, овие се наши стратешки цели коишто се во полза на сите граѓани на Република Македонија и сите наши сили треба да ги консолидираме во овој правец, значи да станеме членки на НАТО и на ЕУ и во никој случај не смееме да изнесуваме лаги како што направија дел од членовите на МАНУ.

Г-не Ахмети дали се чувствувате како пасивен учесник во Владата како што ве обвинува опозицијата од албанскиот блок?

Па сега задача на опозицијата е тоа, значи да критикува да изнесува такви инсинуации, но ние во оваа коалиција не влеговме само за да бидеме декор внатре, туку за да ја реализираме програмата којашто е многу транспарентна пред сите граѓани коишто не изгласаа за да владееме во мандат од чатири години. За сработеното ќе одговараме исто така пред нив, не велам дека работите ни одат подмачкано и одлично, сигурно внатре во секоја куќа има проблеми а камо ли внатре во една колаиција. Сепак, работите одат во добра насока, се разбира со проблеми но сепак ние се залагаме да го реализираме ветеното.

Дали ги реализиравте најголем дел од зацртаните проекти и планови во Владата?

Што се однесува до нашите ветувања и зацртаните проекти можам да нагласам дека се респектира праведната застапеност во сите инсититуции, не сакам да прецизирам цифри но можам да кажам дека има над 1200 вработувања на Албанците за една година во јавната администрација, исто така е изгласан законот за употребата на албанскиот јазик на сите нивоа во Собранието, значи секој амандман е и на албански јазик, сосема друга работа е имплементацијата на Рамковниот договор, дел од вината паѓа на извршните структури внатре во Собранието, но албанскиот јазик е државен јазик со закон. Албанците беа почестени и со ортварањето на дел од факултетите на државниот тетовски универзитет во Куманово, значи не се работи за постигнувања коишто не треба да се истакнат, напротив треба ние да бидеме задоволни со овие постигнувања, иако останува уште многу работа да се сработи за којашто треба една искрена волја меѓу двете заедници посебно од страна на македонската заедница, бидејќи ние не бараме ништо повеќе од тоа што ни следува, ние се што сакаме да реализираме е тоа што им следува на Албанците бидејќи оваа земја е земја и на Албанците и лојалноста на албанските граѓани ќе зависи и од лојалноста на самата држава кон Албанците.

Дали во низата настани коишто се случија изминативе месеци а коишто имаа меѓуетнички предзнак, гледате потенцијал за нови меѓуетнички тензии во земјата?

Па морам да нагласам дека слични инциденти постојат и во држави коишто опстојуваат повеќе децении како што се Германија, Франција, Велика Британија, каде што се судираат претставници на одредени групи. Би било добро ваквите немили настани да не се случуваат ниту кај нас ниту во Германија или Франција, но за жал ваквите работи се случуваат. Јас во овој случај мислам дека државата добро реагира во овие ситуации. Мислам дека треба да бидеме многу внимателни бидејќи ние сме сеуште едно општетсво, како да се каже, кревко, кадешто ваквите провокации можат да преминат во еден судир со поголеми размери. Во овој случај морам да нагласам дека е многу важно дека овие случувања не се мотивирани од страна на државата.

Дали сеуште сте оптимист дека спорот за името може да се реши?

Мислам дека решение треба да има што се донесува до спорот за името. Треба да бидеме многу повешти за да се постигне трајно решавање бидејќи сево ова е во полза на Македонија и во полза на целиот регион, секое одлагање би можело да отвори и други спорови, така што, што побрзо треба да се затвори ова прашање, а на тој начин може да се каже и дека преку ноќ ќе бидеме членка на НАТО а истовремено зачленувањето во НАТО ќе значи дополнителна сигурност и стабилност за Македонија, но истовремени и стабилност за целиот регион. Така што, јас мислам дека ова прашање ќе се реши со помош и на меѓународната заедница, посебно би ги нагласил со помош на силите на САД и ЕУ коишто ќе ги бодрат двете страни да изнајдат решение.

Зошто Македонија и Косово немаат воспоставено дипломатски односи?

Мислам дека за ова прашање ќе има брзо решавање, постојат некои мали незатворени прашања што се однесува на северниот дел на границата, но јас сум убеден дека комисиите на двете страни работат непрекинато и за тие мали отворани прашања ќе се изнајде решение и со тоа што многу брзо ќе се воспостават и дипломатски односи со Косово бидејќи сево ова е за добро на двете страни.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG