Достапни линкови

Додик: Не прифаќам ниту една наметната одлука од Инцко


Премиерот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека нема да прифати ниту една наметната одлука на високиот претставник Валентин Инцко и најавуви повлекување на српските претставници од заедничките институции на БиХ.
Додик оцени дека соопштението на Советот за имплементација на мирот во БиХ, со кое се дава поддршка на одлуките наметнати од високиот претствник Инцко, „звучи комично и доаѓа по инерција“.
Советот за имплементација, според Додик, е вештачка творба и не е предвиден со Дејтонскиот договор.
Додик денеска изјави дека неговата партија ги прекинува сите видови на соработка со Партијата за демократска акција (СДА) и најавуви смена на министрите на СДА во Владата на Република Српска. Тој рече дека ќе го повлечат нивниот министер од владата на босанско-хрватската федерација.
XS
SM
MD
LG