Достапни линкови

Папата го критикува верскиот прогон во комунизмот


Папата Бенедикт 16 го критикуваше жестокиот верски прогон за време на комунизмот, на почетокот на неговата тридневна посета на Чешка. Тој ја повика изразено секуларната нација да ги реоткрие своите христијански корени.
Голем број верници доаѓаат во Прага поради посетата на Папата, но се чини дека повеќето Чеси ја сметаат посетата на неважна, а некои се и отворено непријателски настроени.
Свештеникот Федерико Ломбарди изјави дека секуларизмот е толку вкоренет во модерна Чешка што „религијата ја практикува малцинство“.

XS
SM
MD
LG