Достапни линкови

Бан Ки Мун загрижен поради иранскиот ураниум


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун на средбата во Њујорк со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја изразил својата загриженост поради иранското збогатување ураниум. Тој го повторил барањето дека Иран мора да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност и целосно да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија. Бан додал дека мора што е можно побргу да почнат конструктивни разговори за решавање на проблемот. Вчера, Техеран неочекувано призна дека имал втора постројка за збогатување ураниум.
XS
SM
MD
LG