Достапни линкови

Папата Бенедикт Шеснаесетти пристигна во Прага


Папата Бенедикт Шеснаесетти пристигна во тридневна посета на Чешката Република, земја за која се смета дека е најсекуларна во Европа. Повеќето чеси, според анкетите, се рамнодушни, а некои и отворено се противат на неговиот престој. Дури и Ватикан оцени дека 13 посета откако стана Папа го става во улога на апостол меѓу неверници. Поглаварот на Римокатоличката црква денеска ќе се сретне со претседателот Вацлав Клаус, а во наредните два дена ќе одржи миси во Брно и во Болеслав.
XS
SM
MD
LG