Достапни линкови

logo-print

Поддршка на Бан Ки Мун за влез на Македонија во ЕУ и НАТО


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун има целосна доверба во активностите на посредникот Метју Нимиц и се надева дека спорот за името меѓу Македонија и Грција набргу ќе се реши. Ова тој, како што јавува МИА, му го пренесол на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов на синоќешната средба во Њујорк Генералниот секретар притоа искажал и поддршка за интеграцијата на Македонија во Европската Унија и НАТО. Улогата на медијаторот Нимиц во решавањето на спорот за името, како конструктивна, ја оцени и претседателот Иванов. Шефот на македонската држава, повтори дека Повелбата и резолуциите на ОН се рамката во која Македонија го гледа натамошното продолжување и окончување на процесот за решавање на проблемот.
XS
SM
MD
LG