Достапни линкови

Иран и помага на Венецуела во потрага по ураниум


Иран работи со Венецуела во потрага по наоѓалишта на ураниум во оваа јужноамериканска држава. Првичните резултати покажале дека Венецуела имала големи резерви со овој елемент. Ова го изјави венецуелскиот министер за рударство Родлофо Санз, додавајќи дека претседателот Уго Чавез побарал истражувањата да завршат за три години. Претходно, американскиот претседател Барак Обама и лидерите на Британија и на Франција Гордон Браун и Никола Саркози го обвинија Иран дека гради тајна постројка за нукеларно гориво што е во спротивност со меѓународните правила.
XS
SM
MD
LG