Достапни линкови

Слабее улогата на Синдикатот


Работнички во фабрика

Работнички во фабрика

Синдикатите се тие кои треба да се залагаат за остварување на правата на работниците, да го подобрат нивниот статус и да го унапредат нивниот животен стандард. Синдикалното движење кај нас оваа година ќе прослави 101 година од своето постоење. Колку синдикатите досега успешно ги заштитуваат правата на работниците?

Пролетери од сите земји обединете, се рекол Карл Маркс. Тој е креатор на статутот и на манифестот на меѓународнотo здружение на работниците, кој се заснова на тоа дека борбата за ослободување на работничката класа не е борба за класни привилегии, туку борба за еднакви права. Наместо сами да се борат работниците зад себе имаат синдикати, кои треба во нивно име да се залагаат за остварување на нивните права, да го подобрат нивниот статус и да го унапредат нивниот животен стандард. Синдикалното движење кај нас оваа година ќе прослави сто и една година од своето постоење. Колку синдикатите досега успешно ги заштитуваат правата на работниците? Граѓаните велат дека правата на врабoтените се само на хартија:

„Работниците како прво не се заштитени од државата, не се заштитени нивните права. Со придонеси и плата, не се заштитени никако.“

„Нема доволно пари, нема плата.“

„Работниците работат без целосни права, без слободни денови, плата слаба, некој не добива ниту храна, ниту превоз.“

Според социологот Илија Ацевски работничката класа не им верува на синдикатите, затоа што тие никогаш немале доволно силна
Незадоволството од состојбите во Македонија кај работничката класа, е големо и се манифестира повеќе или помалку во разни сегменти. Значи станува збор за една неартикулирана, неидентификувана, дезорганизирана, распарчена, би рекол маса, која своите интереси не е во состојба да ги артикулира, за да може тоа да се изрази на еден организиран начин
институција зад себе, која се трудела пред се да ги изрази и заштити нивните интереси и да остане до крај доследна во нивните барања.

„Незадоволството од состојбите во Македонија кај работничката класа, е големо и се манифестира повеќе или помалку во разни сегменти. Значи станува збор за една неартикулирана, неидентификувана, дезорганизирана, распарчена, би рекол маса, која своите интереси не е во состојба да ги артикулира, за да може тоа да се изрази на еден организиран начин. Она што е типично за Македонија како една земја од тој транзициски период.“

И граѓаните сметаат дека синдикатите повеќе работат во своја корист, отколку навистина да им помогнат на работниците.

„Синдикатите не се борат за правата на работниците, тие си гледаат за себе.“

„Синдикатите се веќе корумпирани.“

„Синдикатите не се борат правилно за правата на работниците.“

Најстар е сојузот на синдикати на Македонија. Од таму велат дека синдикалното движење има претрпено големи измени во последниве години, поради притисокот на политичките струи. Во нивниот синдикат досега немало простор за политика, односно тие секогаш биле во опозиција на било која власт. Но новоформираните синдикати кои работат под директива на Владата го слабеат синдикалното движење во Македонија вели Милан Живковиќ од ССМ.

„Доколку Владата ги контролира тие Синдикати, нормално дека силата на синдикалното движење и членовите на тие Синдикати ќе слабее. Односно, очигледно е дека одредени синдикати одат согласно притисоците, согласно влијанието на владеачките партии, така да ние во тоа немаме некоја сила за да можеме да се спротивставиме затоа што веќе го ослабеа синдикалното движење.“

Конфередацијата на слободни синдикати се формираше во 2005 година, кога неколку синдикати се издвоија од ССМ и формираа свој. Сеуште синдикатот не е на највисоко ниво, но сепак ние досега доста допринесовме во заштита на правата на вработените вели претседателот Роско Мишкоски. Оние синдикати кои обвинуваат се тие кои во минатото застанале зад некоја политичка партија вели тој.

,,Тие Синдикати кои што и тогаш беа поврзани политички, денеска обвинуваат некои други Синдикати дека се политички
Слабоста на овие организации е во тоа што тие не обезбедуваат, не овозможуваат една елементарна сигурност на тие луѓе кои што ги пушта во првите редови да протестираат. Затоа имаме и такви движења
приврзаници. Јас можам само да кажам дека Конфедерацијата на Слободни Синдикати, оној пат кога е во право Владата ја фалиме, а оној пат кога ќе погреши, ние жестоко ја критикуваме.“

Факт е дека сегашната состојба и однесување на оделни синдикати укажува и упатува на заклучок дека кај нив има политичко влијание. Тоа не е во ред бидејќи тие треба да се грижат за работниците, што не е возможно доколку во нивната работа се вмеша и политиката вели професорот по трудово право Осман Кадриу.

,,Уставната позиција на синдикалните организации во рамките на нивните претставници, синдикалниот претставник, треба да биде навистина во полза на работниците и нивните права, затоа што еве гледаме како во последно време, се загрозуваат правата на работниците, па дури се доведува во прашање и работниот однос на работникот.“

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се упатени во работата на синдикатите и тие се отворени за соработка со нив. Неможеме да кажеме дека нема политичко влијание во овие организации. Тоа е евидентно со донесувањето на секоја наша нова одлука вели државниот секретар на министерството Душко Миновски.

,,Евидентно е дека има одредени струења, секогаш кога ќе се донесе некоја нова одлука на Владата, веднаш после тоа буквално очекуваме реакција на некој од Синдикатите, веднаш да се направи проблем. Меѓутоа се надевам дека преку се поголемата транспарентност, преку јавните трибини и нашето доближување конкретно до работниците, се надевам дека ќе можеме да ја подигнеме свеста за препознавање на проблемите и буквално да ги бараат своите права и преку Синдикатот, но и директно во нашите институции.“

Најчесто работниците доколку сметаат дека се нарушени нивните права на работно место според законот за работни односи имаат право да излезат на протест, за да го искажат своето незадоволство. Но, доколку одредена институција како синдикатотот не застане позади работникот и не го заштити тогаш тој нема храброст да штрајкува вели Ацески. Синдикатите не им даваат сигурност дека нема да има последици по нив доколку се обидат да се борат за своите права, а тоа оди во прилог на работодавецот, па и на власта вели тој.

,,Слабоста на овие организации е во тоа што тие не обезбедуваат, не овозможуваат една елементарна сигурност на тие луѓе кои што ги пушта во првите редови да протестираат. Затоа имаме и такви движења. Тие почнуваат половично, се повлекуваат луѓето, а потоа се оставаат сами на себе. Тоа би рекол е една психолошка состојба, која пак ја користи другата страна, државата, претпријатијата или компаниите кои го знаат тоа и кои со разни закани и притисоци го рушат тој процес.“

Последниот протест позади која застана некој синдикат е оној на работниците од битолската шеќерана, кои штрајкуваа шест месеци, барајќи поголема плата и колективен договор. Но не само што не добија ништо од протестот, туку судот донесе одлука тој да се прекине. Притоа дваесет и три работници од синдикалното ракводство и штрајкувачкиот одбор добија отказ, а педесет се пуштени на принуден одмор. Ова се случува поради последните измени во законот за работни односи, кој го одобрија другите владини синдикати, при што се сменија и правата на работниците на организирање на штрајк вели Живковиќ.

,,Значително ослабнаа, се влошија работничките права во однос на остварување на нивните права. Затоа можеме да кажеме дека сите овие реперкусии, последици, кои што ги гледате секојдневно и во врска со Шеќераната, тоа е последица од последните промени на законот за работни односи во 2008 година. Дали тоа беше намерно направено, тоа само историјата ќе го каже.“

Кофедерацијата на слободни синдикати за разлика од ССМ застана позади измените во законот за работни односи. Тие велат дека во последно време во земјава нема многу штрајкови, поради лошата комуникација помеѓу синдикатите и приватниот сектор. Зошто еден штрајк како што е примерот на штрајкот во шеќераната заврши со отпуштање не сме запознаени, бидејќи тие не се наши членови вели претседателот Мишкоски.

,,Во нашата држава можеби во последно време не се организираат многу протести или штрајкови, пред се поради слабата организираност на Синдикатите во делот на приватниот сектор. Она што се случи во Шеќераната, мислам дека работниците кои сакаат да ги остварат своите права треба да излезат на штрајк.“

По традиција на меѓународниот ден на трудот први мај низ земјите во светот се прославува така што сите работници обединети во организација на синдикатите ќе излезат на масовен протест. На пример кај нашиот јужен сосед Грција оваа година беше организиран штрајк под мотото “Обединетите работници се непобедливи” и “Немаме намера да плаќаме за туѓа криза”. Кај нас пак синдикатите за прв пат не организираа демонстрации на овој ден, а причината беше економската криза. Единствено движењето за социјална правда Ленка го прослави денот со протест и порача дека први мај не треба да се прославува со скара ,туку ова е ден кога треба да се крене гласот против континуираното кршење на работничките права.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG