Достапни линкови

Фуере - Прекугранична соработка и со Грција


Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери денеска имаше работен состанок со претставникот на ЕУ во Република Македонија, амбасадорот Ерван Фуере.
Биле разгледани повеќе прашања од надлежност на Министерството, што се во тесна врска со процесот на интегрирање на Република Македонија во Европската Унија.
Амбасадорот Фуере изразил задоволство од воспоставената динамика на реализацијата на средствата од ИПА Програмата за прекугранична соработка, со отпочнувањето на реализацијата на Програмите за прекугранична соработка со Албанија и со Бугарија.
Тој посочи дека потребно е да се направат напори и од двете страни до крајот на годината да отпочне имплементацијата и на Програмата за прекугранична соработка со Грција.
XS
SM
MD
LG