Достапни линкови

Лидерите на Г 20 за спречување на нови глобални економски кризи


Лидерите на Групата 20, на самитот во Питсбург се согласија земјите од Азија и Латинска Америка да имаат поголема улога во решавањето на клучните прашања од светската економија. Г 20 во иднина ќе биде светскиот економски форум, но ќе продолжи да работи и Групата 8 индустриски најразвиени земји. Една од клучните теми на самитот во Питсбург се бонусите на банкарите, за кои различни позиции имаат Соединетите Држави и Велика Британија од една и Европските земји од друга страна. Британскиот премиер Гордон Браун изјави дека во иднина ќе постојат мерки со кои бонусите ќе можат да бидат одземани доколку копманиите покажуваат слаби резултати. Предвидени се и мерки за спречување на неодговорните ризици на финансиските институции.
XS
SM
MD
LG